4 ДЕЈЗИ СТЕКНУВА САМОДОВЕРБА Во месеците што следеа, Дејзи уживаше да се запознава со менаџерите на легитимните бизниси на татко ѝ и успеа да собере многу податоци, кои потоа ги анализираше и ги претвораше во предлози за нивно усовршување и подобрување. Сите тие компании се наоѓаа помеѓу Марбеља и Лос Боличес, што е кратко растојание за возење по крајбрежјето. Затоа таа беше многу изненадена кога дозна дека повеќето од нив не знаеја оти постојат другите. Таа имаше предлози за секој засебен бизнис, но имаше идеи и за сите нив заедно. Сакаше професионално да пристапи, па закажа состанок со нејзините родители за да може да им ги образложи плановите. „Тато, треба да го повикам и Тони?“ „Не, тој мора да дознае што сме одлучиле, но ова

