5 ИЛЕГАЛЦИТЕ Кога Дејзи го доби списокот со легитимни бизниси, таа ги препозна називите на повеќето од нив, и покрај тоа што поголемиот период од доцните тинејџерски години го помина во Обединетото Кралство на училиште и на факултет. Меѓутоа, едно име отскокнуваше - бар на блиските ридови, со непристојна репутација меѓу мештаните. Се велеше дека е „бордело“ или бордел, а и на списокот беше означен како таков - еден од пет такви „барови“ или „хотели“. Имаше седум „подведувачки“, секоја од нив раководеше со девојки; дваесет криумчари, од кои сите имаа пренесувачи на шверцувана роба (главно цигари) до Обединетото Кралство; три дувла за нелегална коцка, бивш цариник кој им помагал на семејствата да добијат лажни с

