минато, но ти реши да станеш дел од сето ова. Сепак, може да го занемариш тоа што ти го кажав сега ако така ти одговара повеќе. Не е важно.“ „Значи, ако ги пишам вашите имиња на Гугл, ќе откријам нешто?“ „Можеби. Може ќе најде некои прикриени упатувања со Ричардсонови или Керјови, но ние не бевме поврзани со нив. Татко ми Џон имаше куќи и девојки, а потоа само куќи. Џон работеше пред да дојде времето на големите гангстери... тие повеќе мене ми беа врсници... но работевме во различни бизниси... можеби имало некакво преклопување. Како и да е, нашите адвокати убаво се потрудија да ги тргнат сите упатувања кон мене или кон татко ми од интернет. Гугл соработуваше, како и повеќе други пребарувачи, а ние откако

