едноставно погрешила, избрзала, и ќе бидат благодарни за нејзината искреност ’Барем се надевам дека ќе биде така‘, си помисли таа. „Добро утро, мамо. Како си денес? Прекрасен е денов, нели?“ ѝ рече таа на мајка си, која веќе седеше. „Каде е тато?“ „Се нема вратено од утринската прошетка низ градината, душо. Спиеше добро?“ „Како топ. Ќе почнеме без него? Тој веројатно разговара со Тони.“ „Да, добро“, одговори таа, но наместо да се упати кон шведската маса, Тереса ги отвори двокрилните врати и гледаше низ градината. „Не го гледам“, рече таа, но ми изгледа дека надвор е прекрасно.“ Таа се послужи со сланина, јајца и печурки, а потоа ѝ се придружи на ќерка си крај трпезариската маса. „Коста дел Сол е прекрасен ова време од годината!“

