Таа многу сакаше кога ќе ѝ каже „пиле“ и го бакна во образ. „Сега оди, остави ме да размислам,“ рече тој. ∞ Џон се гордееше со ќерка си и со начинот на кој таа го обожаваше како херој, но беше загрижен дека таквото обожавање нема да издржи голем надзор ако дозволи Дејзи да дознае премногу за деловните интереси. Затоа тој се обиде да ја задржи во близина, давајќи ѝ работа која беше само поврзана со правната страна на неговите финансиски зделки. „Дејзи, најдов совршена работа како за тебе“, ѝ рече тој еден ден. „Твојата работна соба ќе ја претвориме во соодветна престижна канцеларија, па ќе ги следиш финансиите. Ќе бидеш книговодител на фирмата... или сметководител, штом целосно ќе се запознаеш со финансиските закони на

